Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Познати сите учесници, групите и термините за натпреварите на Европското првенство

Познати сите учесници, групите и термините за натпреварите на Европското првенство

Ги дознавме сите патници преку плеј-офот во Лигата на нации кои ќе играат на Европското првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули годинава во Германија.

После репрезентацијата на Грузија која испиша историја, пласман на континенталниот собир обезбедија и селекциите на Украина и Полска.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Украинските фудбалери во сегментот Б во финалето одиграно во Вроцлав со 2:1 триумфираа над Исланд.

Исланѓаните водеа од 30 минута со голот на Гудмундсон, а играчите на Сергеј Ребров направија пресврт во второто полувреме со погодоците на Циганков во 54 и Мудрик во 84 минута.

Украина на ЕП ќе игра во групата „Е“ заедно со репрезентациите на Белгија, Словачка и Романија.

Полска на гости во Кардиф успеа на пенали со 5:4 да го совлада домашниот Велс. Трагичар кај Велшаните беше Даниел Џејмс кој беше непрецизен од белата точка.

Полјаците на Европското првенство ќе бидат во силната група „Д“ каде за ривали ќе ги имаат Холандија, Австрија и Франција.

Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија

14 јуни, 21 часот: Германија – Шкотска (Минхен)
15 јуни, 15 часот: Унгарија – Швајцарија (Келн)
19 јуни, 18 часот: Германија – Унгарија (Штутгарт)
19 јуни, 21 часот: Шкотска – Швајцарија (Келн)
23 јуни, 21:00 часот: Швајцарија – Германија (Франкфурт)
23 јуни, 21 часот: Шкотска – Унгарија (Штутгарт)

Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија

15 јуни, 18:00 часот: Шпанија – Хрватска (Берлин)
15 јуни, 21:00 часот: Италија – Албанија (Дортмунд)
19 јуни, 15:00 часот: Хрватска – Албанија (Хамбург)
20 јуни, 21 часот: Шпанија – Италија (Гелзенкирхен)
24 јуни, 21:00 часот: Хрватска – Италија (Лајпциг)
24 јуни, 21:00 часот: Албанија – Шпанија (Дизелдорф)

Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија

16 јуни, 18:00 часот: Словенија – Данска (Штутгарт)
16 јуни, 21:00 часот: Србија – Англија (Гелзенкирхен)
20 јуни, 15:00 часот: Словенија – Србија (Минхен)
20 јуни, 18:00 часот: Данска – Англија (Франкфурт)
25 јуни, 21:00 часот: Англија – Словенија (Келн)
25 јуни, 21:00 часот: Данска – Србија (Минхен)

Група Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција

16 јуни, 15 часот: Полска – Холандија (Хамбург)
17 јуни, 21:00 часот: Австрија – Франција (Дизелдорф)
21 јуни, 18:00 часот: Полска – Австрија (Берлин)
21 јуни, 21 часот: Холандија – Франција (Лајпциг)
25 јуни, 18:00 часот: Холандија – Австрија (Берлин)
25 јуни, 18:00 часот: Франција – Полска (Дортмунд)

Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина

17 јуни, 15 часот: Романија – Украина (Минхен)
17 јуни, 18:00 часот: Белгија – Словачка (Франкфурт)
21 јуни, 15:00 часот: Словачка – Украина (Дизелдорф)
22 јуни, 21:00 часот: Белгија – Романија (Келн)
26 јуни, 18:00 часот: Словачка – Романија (Франкфурт)
26 јуни, 18:00 часот: Украина – Белгија (Штутгарт)

Група Ф: Турција, Грузија, Португалија, Чешка

18 јуни, 18:00 часот: Турција – Грузија (Дортмунд)
18 јуни, 21:00 часот: Португалија – Чешка (Лајпциг)
22 јуни, 15 часот: Грузија – Чешка (Хамбург)
22 јуни, 18:00 часот: Турција – Португалија (Дортмунд)
26 јуни, 21 часот: Грузија – Португалија (Гелзенкирхен)
26 јуни, 21 часот: Чешка – Турција (Хамбург)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Гвардиола: Во спортот како и во животот не постојат бајки

Манчестер Сити се наоѓа во една невидена и катастрофална серија од пет порази во исто толк…