Дома Македонски спорт Oграбен тренер на РК Вардар – клубот дава награда за оној кој има некаква информација!

Oграбен тренер на РК Вардар – клубот дава награда за оној кој има некаква информација!

Од Вардар преку својот Фејсбук профил пренесуваат за еден немил настан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Македонскиот ракометен шампион известува дека на тренерот на голманите, Дејан Периќ му се украдени личните документи и преносниот компјутери.

Од клубот наведуваат и дека истите се од голема важност, како и дека следува награда за оној кој има некаква информација.

„На нашиот тренер на голмани Дејан Периќ му се украдени личните документи и преносниот компјутер.
Бидејќи истите се од голема важност за тренерот, но и екипата доколку некој има информација или истите ги најде го молиме да пријави во полиција или пак во РК Вардар. Ако имате информација контактирајте не на: [email protected]

За чесниот пронаоѓач СЛЕДУВА НАГРАДА“, стои во соопштението од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…