Дома Фудбал Репрезентации Oбложувалниците го одредија најголемиот фаворит за освојување на Европското првенство

Oбложувалниците го одредија најголемиот фаворит за освојување на Европското првенство

вчера се познати сите учесници на Европското првенство кое за неполни три месеци ќе стартува во Германија. Откако се комплетираа групите и сите учесници, познат е и најголемиот фаворит.

Според букмејкерите најголеми шанси за освојување на титулата се даваат на репрезентацијата на Англија. Веднаш зад Англичаните се Французите, а можеби малку изненаадува третата позиција на Германија. Германија има одлична селекција меѓутоа во последните години никако не успева да има добар настап на големите натпреварувања, сега имаат прилика да блеснат пред домашната публика.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Најмалку шанси за некаква мега сензација се даваат на селекцијата на Албанија која има коефициент од 201 за освојување на турнирот.

КОЕФИЦИЕНТИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО:

Англија 4, Франција 4,5, Германија 7, Шпанија 8, Португалија 9, Италија 15, Белгија 15, Холандија 17, Данска 26, Хрватска 41, Швајцарија 41, Турција 51, Австрија 67, Србија 67, Шкотска 81, Унгарија 81, Украина 81, Полска 81, Чешка 101, Романија 151, Словачка 151, Словенија 151, Грузија 151, Албанија 201.

Ќе потсетиме, Европското првенство ќе започне на 14-ти јуни и ќе трае еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…