Дома Фудбал Новиот тренер на Интер отпиша еден од фудбалерите поради – Петар Сучиќ

Новиот тренер на Интер отпиша еден од фудбалерите поради – Петар Сучиќ

Петар Сучиќ ќе го одигра својот прв натпревар за Интер на претстојното Светско клупско првенство, откако се приклучи од екипата на Динамо во трансфер вреден 14 милиони евра. Покрај Сучиќ, ова натпреварување ќе биде прво и за новиот тренер на Интер. Со напуштањето на Симоне Инзаги за Ал Хилал, неговото место ќе го преземе Кристијан Киву, кој е очекувано официјално да биде претставен најдоцна до понеделник.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми веќе се распишаа за тоа како ќе изгледа Интер под водство на новиот тренер, а според Corriere dello Sport, Киву веќе донесол важна одлука. Тој одлучи да му ја намали улогата на 36-годишниот Хенрих Мхитарјан во тимот за да направи место за Сучиќ во стартната постава.

„Сучиќ може веднаш да биде дел од стартерите, со цел подмладување на тимот. Ова е јасен сигнал дека Интер со Киву започнува нова ера, со конкретни идеи и непроменети амбиции”, пишуваат италијанските извори.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед договори прво засилување за Керик кое ќе чини 53 милиони евра

Манчестер Јунајтед постигна договор со Аталанта за ангажирање на Едерсон, според извештаит…