Дома Фудбал Новинар го изнервира Аморим со прашање за една од ѕвездите на Јунајтед

Новинар го изнервира Аморим со прашање за една од ѕвездите на Јунајтед

Рубен Аморим одржа прес-конференција пред вечерашниот натпревар од Премиер лигата против Саутемптон, а за еден од своите играчи не сакаше ни да слушне.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вечерва во 21:00 се игра последниот натпревар од 21. коло на англиската Премиер лига, на Олд Трафорд Манчестер Јунајтед го пречекува Саутемптон.

По повод овој натпревар, Рубен Аморим одржа прес-конференција, а имаше многу интересни прашања. Едно од нив беше и на популарната тема овие денови – за иднината на Маркус Рашфорд.

Англичанецот е на излезни врати од „Црвените Ѓаволи“, а како наредни дестинации се споменуваат навистина многу клубови. Само некои од нив се Борусија Дортмунд, Јувентус, Милан, па дури и лутите ривали Арсенал.

Кога еден од присутните новинари го праша португалскиот тренер за Маркус, односно дали ќе се натпреварува за натпреварот, веднаш се забележа дека не беше расположен да зборува на таа тема.

„Ве молам, не ме прашувајте. Само сакам да победиме на овој натпревар. Јас ќе ги избирам играчите за кои мислам дека може да ни донесат победа, тоа ми е фокусот“, рече Аморим.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој друг, ако не тој! Никој друг освен Меси нема постигнато голови на седум последователни натпревари на Мундијал

Лионел Меси влезе во историјата со своето најново достигнување. Тој го постигна своето 19-…