Дома Фудбал Ниту самиот Гвардиола не верува во победа на Сити над Реал – доказ е неговата последната изјава

Ниту самиот Гвардиола не верува во победа на Сити над Реал – доказ е неговата последната изјава

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека неговиот тим има минимални шанси да го елиминира Реал Мадрид во претстојниот реванш од осминафиналето во Лигата на шампиони, но и покрај тоа ќе се потрудат да постигнат добар резултат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Разликата со која треба да се победи на стадионот Сантијаго Бернабеу, во оваа позиција, сите знаеме дека ако прашаш пред почетокот на натпреварот кои се шансите за поминување понатаму, ќе биде еден отсто. Ќе бидат минимални, но додека имаме шанса, ќе се трудиме, тоа е сигурно”, истакна Гвардиола.

Манчестер Сити во првиот натпревар од двомечот од осминафиналето во Лигата на шампиони на свој терен загуби од Реал Мадрид со 2:3, откако водеше со 2:1.

Реваншот во Мадрид е закажан за среда во 21 часот.

“Шансите се мали бидејќи резултатот не беше добар, ако останеше 2:1 ќе беше поинаку. Со 2:3 шансите се помали, но додека имаме шанса ќе се обидеме да ја искористиме, и ќе видиме што ќе се случи”, додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малдини стана шеф на италијанскиот фудбал, па веднаш избра нов селектор

Андреа Пирло неочекувано се истакна како главен фаворит за клупата на италијанската фудбал…