Дома Останати Ништо од „стариот“ Тајсон: Борбата со Пол беше – циркус и шоу за многу пари! 🎥

Ништо од „стариот“ Тајсон: Борбата со Пол беше – циркус и шоу за многу пари! 🎥

Легендарниот Мајк Тајсон по 21 година се врати во рингот и тоа против Џејк Пол кој е триесет години помлад јутјубер, но веќе неколку години боксува. Борбата се одржа пред 72.000 гледачи во САД, а на крајот победи Пол со одлука на судиите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По неколку одложувања борбата се одржи, меѓутоа не донесе спектакл каков што се очкуваше. Пол победи по осум рунди со одлука на судиите. Во првите две рунди му нанесе значителна штета на Тајсон и до израз дојде неговата младост и издржливост.

На соочувањата пред борбата можеше да се види непријателство и омаловажување, но по борбата

Пол се поклони пред Тајсон со што се покажа дека случувањата претходно биле дел од шоуто.
Коментарите од јавноста во поголем дел се негативни поради нискиот квалитет нна борбата.

На крајот Тајсон си замина со заработка од 20 милиони долари, а Пол двојно повеќе за осум рунди по две минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…