Дома Останати Кошарка Незапирливиот Јокиќ постигна 40 поени во декласирањето на Портланд

Незапирливиот Јокиќ постигна 40 поени во декласирањето на Портланд

Синоќа во НБА лигата се одиграа девет натпревари. Денвер Нагетс на домашен терен со убедливи 146:117 го декласираа Портланд и ја постигнаа својата седма победа по ред.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нагетси моментално имаат најдолга серија победи од сите 30 екипи во лигата и се наоѓаат на третото место на Западот со сооднос од 35 победи и 19 порази.

Најдобар играч на натпреварот беше незапирливиот Никола Јокиќ со 40 поени, а со седум скока и осум асистенции остана под својот просек оваа сезона во тие категории.

Причина за тоа е и убедливата разлика поради која тој на теренот мина само 31 минута и одмораше во последната четвртина.

На својот одличен настап додаде и три украдени топки. Јокиќ оваа сезона просечно бележи 29.6 поени, 12.7 скока и 10.3 асистенции по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Има 14 години и е висок 214 сантиметри, а на паркетот никој ништо не му може: Дали кошаркарската ѕвезда на Барса ги лажирала годините?

Мохамед Дабоне, еден од најперспективните млади кошаркари во Европа и член на Барселона, п…