Дома Фудбал Незапамтена трагедија: Загина работник на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона

Незапамтена трагедија: Загина работник на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона

Голема трагедија се случи во петокот на градилиштето на стадионот „Камп Ноу“, каде што во тек се завршни работи на реконструкција на домот на Барселона. Како што пренесуваат шпанските медиуми, еден 54-годишен работник го загуби животот по тешка несреќа која се случила за време на изведување градежни работи на култниот стадион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на порталот „elcaso.com“, несреќниот маж добил силен удар во главата од засега неутврдени причини. На лице место брзо пристигнале екипи на итната помош, кои се обиделе да го реанимираат, но и покрај сите напори, не успеале да му го спасат животот.

Иако првите информации укажуваат на тоа дека станува збор за несреќа на работа, надлежните органи покренаа истрага за да ги утврдат сите околности под кои дошло до трагедијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

МOK ја отфрли пријавата против Џани Инфантино, нема казна за претседателот на ФИФА

Меѓународниот олимписки комитет (МOK) ја отфрли пријавата на организацијата за човекови пр…