Дома Фудбал Несторовски погоди од белата точка: Славен Белупо ќе се бори за трофејот во Купот

Несторовски погоди од белата точка: Славен Белупо ќе се бори за трофејот во Купот

Македонскиот фудбалски интернационалец Илија Несторовски и неговиот тим Славен Белупо успеаја да се пласираат во финалето на Купот на Хрватска, откако по возбудлива пенал-серија го елиминираа Осиек во полуфиналето.

Натпреварот беше исполнет со бројни шанси на двете страни, но ниту еден од играчите не успеа да ја затресе мрежата во регуларниот дел, што доведе до пенал-рулет за одлучување на победникот.

Несторовски беше прв изведувач за Славен Белупо и сигурно реализираше од белата точка, додека во таборот на Осиек промашуваа Солдо и Хернани, што на крајот ја запечати судбината на нивниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mбапе е воодушевен од Мурињо: Не можеш да станеш Жозе, ако не си таков

Француската ѕвезда Килијан Мбапе ги сподели првите импресии од соработката со Жозе Мурињо …