
Шпанскиот голман Пепе Реина (42) ја заврши својата кариера, но не на најдобар начин. Некогашниот голман на Ливерпул, Виљареал, Наполи, Лацио и многу други значајни клубови заработи црвен картон во последните минути од првото полувреме на натпреварот од 38-то коло помеѓу Комо и Интер.
Реина направи фаул врз иранскиот напаѓач на Интер, Мехди Тареми, и судијата Давиде Маса не се двоумеше да го испрати искусниот чувар на мрежата надвор од теренот.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Иако беше познато дека ова е последниот дуел на шпанскиот голман, малку кој очекуваше дека ќе биде завршен на ваков начин.
Ова беше 13-тиот натпревар на Реина на голот на Комо, во кој пристигна оваа сезона од Виљареал, а во својата кариера зад него има над 950 официјални натпревари.