Дома Фудбал Нема повеќе дилеми: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Нема повеќе дилеми: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Откако во неделата вечерта со Португалија ја освои Лигата на нациите, Кристијано Роналдо потврди каде ќе игра следната сезона!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Познатиот новинар Фабрицио Романо ја објави веста под „Breaking News“ и соопшти дека Роналдо останува во Ал Наср!

Мојата иднина? Практично ништо нема да се промени. Останувам во Ал Наср? Да“, ја наведува Романо изјавата на Роналдо.

Португалецот пристигна во Ал Наср во јануари 2023 година, по неговиот втор мандат во Манчестер Јунајтед. Неговиот премин во Саудиска Арабија беше вовед во бран на доаѓање на европски фудбалски ѕвезди, кои главно се привлечени од вртоглави плати. Роналдо се уште го држи рекордот – заработува околу 3,77 милиони евра неделно, односно скоро 200 милиони евра годишно.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…