Дома Фудбал Нејмар по тешкиот пораз: Никогаш не сум доживеал нешто слично. Срам ми е.

Нејмар по тешкиот пораз: Никогаш не сум доживеал нешто слично. Срам ми е.

Вчера вечер, тимот на Сантос доживеа вистински дебакл во натпреварот против Васко да Гама (0:6), во рамките на 20-то коло од бразилското фудбалско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој резултат влезе во историјата како најголемата победа на Васко против Сантос и најголемата разлика во голови во речиси сто години натпреварувања помеѓу овие два клуба.

Гостите од Рио де Жанеиро поведоа во 18-та минута со голот на Лукас Питон. Во продолжение, одбраната на домашниот тим целосно се распадна: Давид зголеми во 52-та минута, Филип Кутињо постигна голови во 54-та и 61-та, Рајан го реализираше пеналот во 59-та минута, а Че Че ги постави конечните 0:6 во 67-та минута.

По завршувањето на натпреварот, тој беше исклучително искрен: “Играта ни е катастрофална. Ужасно е и неприфатливо. Фановите имаат право да нè напаѓаат и критикуваат денес. Тоа мора да го прифатиме. Срам ми е. Никогаш во животот не сум доживеал вакво нешто.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…