Дома Фудбал Нејмар лут на однесувањето на навивачите: Дојде ден кога мора да објаснам зошто ги чешам ушите! (Видео)

Нејмар лут на однесувањето на навивачите: Дојде ден кога мора да објаснам зошто ги чешам ушите! (Видео)

Последниве денови, Нејмар (34) повторно се најде во центарот на вниманието, како на теренот, така и надвор од него. На стадионот Вила Белмиро, каде што го направи првите чекори и се искачи до статусот на ѕвезда, сега му е непријатно со оглед на лошите резултати на Сантош.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неколку дена тој имаше судир со еден навивач, а оваа недела, по поразот од Флуминенсе, беше исвиркан додека го напушташе теренот. На ова Нејмар реагираше со гест што го привлече вниманието: при заминувањето кон соблекувалната, ги покри ушите со раце.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и играчот не чекаше долго да даде реакција. На својот профил на платформата X објави објаснување. “Стигна денот кога морам да објаснувам зошто ги чешам ушите! Искрено, луѓето претераа и ги преминуваат сите граници… Многу е жално што сум изложен на ова. Никое човечко суштество не може да го издржи ова.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаџиевски ја напушти Спартак Варна!

Македонскиот фудбалски тренер Ѓоко Хаџиевски повеќе не е шеф на стручниот штаб на бугарски…