Дома Фудбал Навивачите на Манчестер јунајтед најавија протест пред дербито со Арсенал

Навивачите на Манчестер јунајтед најавија протест пред дербито со Арсенал

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во недела од 17:30 часот ќе го пречекаат Арсенал во Премиерлигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Покрај овој важен натпревар, Јунајтед ќе се соочи со дополнителен предизвик – незадоволството на навивачите. Веќе подолго време, приврзаниците на Јунајтед се гневни поради начинот на кој се управува клубот, а нивното незадоволство кулминира со најавениот протест.

Навивачката група „The 1958“ повика сите фанови да се приклучат на протестниот марш пред стадионот „Олд Трафорд“. Како симбол на нивното незадоволство, тие ќе носат црна облека, испраќајќи јасна порака кон управата на клубот.

Манчестер јунајтед во моментов се наоѓа на 14. место во лигата и е далеку од борбата за позициите кои водат во европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Билд“: Германија ќе има нова „единица“ на Мундијалот

Голманот на Баерн, Мануел Ноер, ќе биде број еден за Германија за време на Светското првен…