Навивачите на Далас Маверикс останаа во шок кога слушнаа дека нивниот најдобар кошаркар Лука Дончиќ ќе биде трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако добија суперѕвезда како Ентони Дејвис, навивачите на Далас не се задоволни што повеќе нема да можат да го гледаат 25-годишниот Словенец во нивниот дрес.
Дончиќ не беше прашан за овој трејд и му беше само кажано да спакува куферите и да бара вила во Лос Анџелес каде што ќе живее отсега, а навивачите беа толку разочарани што синоќа на Дончиќ му одржаа “погреб”.
Пред синоќешниот хокејски натпревар на НХЛ лигата помеѓу Далас Старс и Колумбус Блу Џекетс, навивачите на Маверикс се собраа пред арената Американ Ерлајнс Центар, каде што на подот ги фрлија дресовите на Дончиќ, а врвот на перформансот беше кога изнесоа ковчег и го носеа.
Исто така, на транспарентите јасно порачаа дека сметаат дека генералниот менаџер на Далас, Нико Харисон, е главен виновник за сѐ, и му порачаа со псовки дека го издал Далас и треба да си замине.
Исто така, на многу транспаренти беше напишано дека навивачите сѐ уште го сакаат Дончиќ, а еден од најупечатливите гласеше: “1 февруари 2025 е најлошиот ден во историјата на Далас, дури и од оној кога беше убиен Џ. Ф. Кенеди”.