Дома Фудбал Навивачите го провоцираа Роналдо со Меси: Погледнете како реагираше (Видео)

Навивачите го провоцираа Роналдо со Меси: Погледнете како реагираше (Видео)

Кристијано Роналдо вчера повторно беше во центарот на вниманието. Неговиот Ал Наср убедливо со 4:0 го совлада Ал Васл во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони 2, а португалскиот капитен го постигна водечкиот гол и на тој начин се доближи до бројот од 1000 голови во кариерата. Освен голот, натпреварот го одбележa и неговата реакција на провокациите од трибините.

41-годишниот Португалец ја отвори мрежата на противниците во 11-та минута по прецизниот центаршут на Бушал, постигнувајќи го својот 970-ти гол во кариерата. До крајот на натпреварот победата на Ал Наср ја потврдија Ињиго Мартинез во 24-та, Абдулелах Ал-Амри во 26-та и Садио Мане во 80-та минута.

Сепак, натпреварот го одбележа и инцидент што брзо се прошири на социјалните мрежи. Во обид да го испровоцираат, навивачите почнаа да го скандираат името на неговиот долгогодишен ривал Лионел Меси. Роналдо не ги игнорираше, туку им одговори пркосно. Првин го стави прстот на усните барајќи тишина, а потоа со гест им порача да се смират.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи притиска за Скот: Борнмут бара повеќе од 100 милиони фунти!

Лондонскиот клуб ги обновил разговорите за Алекс Скот и верува дека може да го доведе во ј…