Дома Фудбал Навивач на Манчестер Јунајтед физички го нападнал Џек Грилиш!

Навивач на Манчестер Јунајтед физички го нападнал Џек Грилиш!

Играчот на Манчестер Сити, Џек Грилиш, доживеал непријатен инцидент при дербито во градот, бидејќи бил нападнат од навивач на Јунајтед.

Во текот на прес-конференцијата, Пеп Гвардиола укажал на навредливите коментари од страна на навивачите на Манчестер Јунајтед, кои биле насочени кон мајката на Фил Фоден. Но, за време на натпреварот се случил и друг инцидент.

Навивач од првите редови на трибините, близу до тунелот, го удрил Грилиш со шлаканица додека тој го напуштал теренот.

Полицијата интервенирала во целата ситуација и го привела навивачот. Тој сега треба да се појави на суд, каде ќе треба да одговара за физичкиот напад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алисон блескаше, Ливерпул победи: Палас на дното, Саж под притисок

Ливерпул со 3-1 го освои „Селхурст парк“ и се искачи на четвртото место, додека четвртиот …