Дома Останати На повидок нов циркус: Тајсон против братот на Пол?! Провокациите веќе започнаа!

На повидок нов циркус: Тајсон против братот на Пол?! Провокациите веќе започнаа!

Враќањето на Мајк Тајсон по скоро 20 години од неговата последна борба предизвика огромно внимание, а славниот боксер беше поразен со одлука на судиите по осум рунди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тајсон се држеше првите две рунди, а во продолжение само преживуваше успевајќи на крајот сепак да остане на нозе. Проблем на Тајсон му создаваше и коленото за кое носеше заштита.

„Да, но не можам тоа да го користам како изговор“, изјави Тајсон.

Беше запрашан Тајсон и дали повторно би се борел со Пол, не ја отфрли можноста, но најави и нешто друго.

„Не знам зависи за ситуацијата. Можеби со неговиот брат“, изјави Тајсон.

Братот на Пол, Логан Пол исто така поранешен јутјубер кој се насочи кон боксот стоеше на чекор од него, па му одговори: Ќе те убијам, Мајк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…