Дома Фудбал Mрме до Барди: Без тебе не тргнуваме за Букурешт!

Mрме до Барди: Без тебе не тргнуваме за Букурешт!

Денес пристигнаа лоши вести за македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди добил позитивен на Ковид-19.

Барди немал контакт со останатите од репрезентацијата, па не се очекуваат нови случаи. Добро е што до Европското првенство се уште има време во кое еден од нашите најважни фудбалери ќе добие негативен тест. Во овој момент како што информираат од ФФМ Барди е без симптоми.

Помеѓу оние кои испратија поддршка до Барди е и селекторот Игор Ангеловски.

„Сите сме со тебе, без тебе не тргнуваме за Букурешт“, напиша Ангеловски на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…