Дома Топ вести Mеси донел конечна одлука за неговата иднина во Париз!

Mеси донел конечна одлука за неговата иднина во Париз!

Додека престојуваше во Аргентина Лионел Меси порача дека ќе мора во следниот период да донесе многу важни одлуки, а тука се мислеше и на неговата клупска иднина после скромната сезона која ја имаше во ПСЖ.

Поради слабата сезона Меси започна да се поврзува со сензационално враќање во Барселона, а се споменуваа и други клубови. Сепак, медиумот кој претходно често пати имал интервју со Меси вчера вечер излезе со своја ексклузива.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„TyC Spots“ тврди дека Меси донел конечна одлука за својата иднина, а таа е дека нема да го напушти ПСЖ после само една сезона. Во текстот се наведува дека Меси нема намера да заминува од Париз и покрај фрустрирачките моменти и свирежите од фановите.

Планот е Меси да ја одработи неговата втора задолжителна година од договорот кој има опција да биде продолжен на уште една сезона. Што ќе биде понатаму сигурно многу зависи од тоа каква ќе биде втората сезона на Аргентинецот во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…