Дома Фудбал Италија Mбапе: Штета за италијанските екипи, тешко ми е да го фалам Интер

Mбапе: Штета за италијанските екипи, тешко ми е да го фалам Интер

Килијан Мбапе и ова лето беше во центарот на вниманието, но како што стојат работите нема да го напушти Париз и ќе игра во француската престолнина барем до наредната сезона.

Од претходно е познато дека Мбапе е фан на Милан, но во овој моемнт Италија не е реална дестинација за него, иако Италијанците имаа три финалисти во европските натпреварувања.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


И покрај трите финалисти, Италија сепак остана без освоен трофеј. Мбапе признава дека како навивач на Милан тешко му било да го пофали Интер кој играше финале во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

„Како фан на Милан, тешко ми е да го фалам Интер, но тие за финалето се подготвија многу добро, му создадоа многу опасности на Манчестер Сити. Детали го решија победникот. За жал, таков е фудбалот. Интер мора да биде задоволен од тоа што го одигра, но честитки за Сити“.

„Штета за италијанските екипи, но тоа беше добро за италијанскиот фудбал. Фиорентина и Рома исто така покажаа дека можете да дојдете до финале без да го имате буџетот на ПСЖ, Сити или другите европски клубови“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Касиљас објави фотографија: Драстично го променил изгледот, но и ги вознемири фановите

Славниот шпански голман Икер Касиљас објави фотографија на социјалните мрежи по повод свој…