Компанија Mozzart соопшти дека продолжува со низата на донации во здравствениот систем, а овој пат доставија хигиенски тотеми за дезинфекција, средства за дезинфекција, заштитни маски и друг потрошен материјал во вакциналниот пункт „А1 Арена“ во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Од самиот почеток на пандемијата, компанија Mozzart нуди огромна помош на здравствениот систем во државата во борба против коронавирусот. После финансиската помош на болниците, набавка на болнички кревети за интензивна нега, разни медицински апарати, инвентар за реновирање на болнички одделенија, техничка опрема, лекови, медицински материјали, освежителни пакети со овошје, телевизори, заштитни средства, низата на донации продолжува и во овој клучен период за имунизација на населението и сузбивање на коронавирусот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од вакциналниот пункт изјавија дека вакцинацијата е во полн ек, конкретно низ спортската сала „Борис Трајковски“ има проток од околу 4.000 луѓе на дневно ниво и од огромно значење е заштитата и придржување до сите мерки против ширење на вирусот.
„Од огромно значење е сите граѓани кои што ќе влезат во вакциналните пунктови да бидат заштитени и да ги почитуваат мерките против ширење на коронавирусот, пред се да се заштитат себеси, а и да ги заштитат здравствените работници кои посветено и неуморно работат во служба на граѓаните. Голема благодарност до компанија Mozzart која придонесе кон оваа цел со донацијата на тотеми за дезинфекција кои се поставија на влезовите и излезот од вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, донацијата на средства за дезинфекција, заштитни маски и друг потрошен материјал кој ни е потребен овој период.“ – изјавија од пунктот за вакцинација во спортската сала „Борис Трајковски“.
Регионалниот лидер во приредување на игри на среќа, компанијата Mozzart, во рамки на својата постојана кампања за општествена одговорност „Да бидеме општествено одговорни“, изминатиот период реализираше голем број на донации во здравствените установи во различни региони во државата.
„Пунктот за вакцинација во спортскиот центар Борис Трајковски е од исклучителна важност во процесот на вакцинација на граѓаните и на дневна база тука постои огромна фреквенција на граѓани кои доаѓаат да се вакцинираат. Поради тоа, како компанија која од самиот почеток на пандемијата е во постојана комуникација со здравствените установи континуирано помагајќи со донации, во координација со претставниците на овој пункт реализираме донација на опрема и материјали кои се потребни за непречено функционирање на пунктот. Како општествено одговорна компанија помагаме и ќе продолжиме да помагаме секаде каде што тоа е потребно.“ – изјави Сашко Димов, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.