Компанијата Mozzart за време на пандемијата на коронавирусот имаше голема акција за донација на техничка опрема наменета за повеќе установи низ државата, меѓу кои здравствени установи, образовни институции, домови за згрижување деца, домови за нега на стари лица и др.
Огромен број на телевизори пристигнаа на различни адреси низ целата држава, а приоритет беа здравствените установи, како и инстутициите кои се грижат за лица од социјално загрозени категории.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дел од институциите кои добија телевизори, а се наменети за нивните пациенти и корисници се Општата болница во Дебар, Општата болница во Куманово, Општата болница во Гостивар, Домот за згрижување деца во Скопје, Детскиот дом „11-ти Октомври“, Домовите за стари лица: „Мајка Тереза“ од Скопје, „Зафир Сајто“ од Куманово и „Кире Крстески Платник“ од Прилеп, Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Државниот студентски дом во Скопје, Општата болница во Кочани, Општата болница во Битола, Општата болница во Охрид, Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје и многу други.
Донираните телевизори се распределуваат по просториите, со цел да им се овозможи поудобен престој на корисниците и пациентите.
„Секоја донација дадена во финансиски средства или материјални добра е од голема вредност онаму каде што е потребна. Донацијата на телевизори е само една од низата хуманитарни акции кои ги спроведовме изминатиот период, а продолжуваме и понатаму со исто темпо. Со овие телевизори, се надеваме дека ќе помогнеме на корисниците и пациентите во овие установи да имаат поубав престој и да се чувствуваат повеќе како дома, со цел полесно да ги пребродат тешките моменти низ кои поминуваат во оваа ситуација.“ изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.
Покрај донациите на телевизори, компанија Mozzart донираше и лаптоп компјутери во неколку основни училишта и во Клиниката за детски болести во Скопје. Лаптоп компјутерите за Клиниката за детски болести во Скопје се наменети за хемато-онколошкото одделение, наменети за родителите на децата кои се лекуваат на ова одделение, за онлајн сеанси со психолог и полесно пребродување на тешката ситуација. Понатаму, лаптоп компјутери беа донирани и во неколку основни училишта, наменети за учениците од социјално загрозени семејства, како би можеле непречено да ја следат онлајн наставата.
Од Mozzart се надеваат дека со оваа голема акција преку која донираа лаптопи наменети за учениците во основните училишта, ќе помогнат онаму каде што е најпотребно и ќе придонесат кон обезбедување услови за непречено следење на наставата.
ПРОДОЛЖУВААТ РЕДОВНИТЕ АКЦИИ
И во екот на епидемијата, продолжуваат редовните Mozzart акции. Секоја недела се реализираат хуманитарни тикети, а досега добивките беа насочени кон Клиниката за детски болести (донација на прочистувачи за воздух), Домот за деца без родители (финансиски средства), како и финансиска помош на едно дете за операција на раката.
Континуирано се реализира кампањата „Нови дресови за нови шампиони“, па така два пати неделно два локални спортски клубови добиваат комплетно нова спортска опрема. Покрај редовните акции, од Mozzart изјавија дека работат и на други општествено одговорни проекти кои ќе се реализираат во наредниот период.