Преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ компанија Mozzart досега помогна на повеќе од 50 спортски клубови на кои им обезбеди комплетна спортска опрема.
Компанија Mozzart продолжи со својата регионална акција за поддршка на спортот и локалните спортски клубови. Во рамки на кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ компанијата обезбеди комплетна спортска опрема за повеќе од 50 мали спортски колективи ширум цела Македонија! Направени се повеќе од 1.500 дресови на кои пишува „Mozzart“, а ги носат играчите од повеќе од 50 клубови како домашна и гостинска гарнитура.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубовите кои добија комплетна опрема (домашна и гостинска гарнитура) играат фудбал, кошарка, ракомет, одбојка… Опфатени се различни категории, од јуниори до сениори, од клубови кои играат рекреативно до клубови кои се натпреваруваат во некоја професионална лига.
Речиси да не постои област во државата каде Mozzart-овиот хуманитарен караван не ја посетил и поделил опрема на локалните клубови. Дел од нив се: ФК Брегалница Штип, ФК Тиквеш Кавадарци, ФК Кадино, КК Куманово, ФК Напредок Крушеани, ФК Тиверија Струмица, ЖКК Струга 2009, ЖОК Љуботен Тетово, ФК Плачковица Радовиш, ФК Слога Виница, КК Пелистер Битола, ФК Волково Скопје, КК Академија Баскет Скопје, ФК Чешиново Кочани, ЖРК Ѓорче Петров Скопје, ФК Преспа Ресен и многу други.
Ова се само дел од огромната екипа на спортисти на кои оваа компанија им помогна да изгледаат подобро во походите на нови успеси!
Од клубовите изразуваат благодарност до компанијата Mozzart на донациите кои пристигаат на нивна адреса. Тие додаваат дека овие дресови многу им значат и им даваат мотив да продолжат да го прават она што го сакаат, како и да целат кон повисоки рангови на натпреварувања.
„Нашата цел е преку оваа кампања да ги поддржиме локалните спортски клубови, а со тоа да придонесеме кон развојот на домашниот спорт. Настојуваме да ги опфатиме сите категории, од најмалите јуниори до искусните сениори, женски и машки клубови од различни спортови меѓу кои фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и др. Продолжуваме и понатаму со оваа кампања која носи надеж помеѓу спортистите и им посакуваме многу нови успеси на патот кон врвот.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart.