Многу работи беа погрешно направени во Милан во претходните десетина година, но како клучен момент за падот на седумкратниот европски шампион може да се означи заминувањето на Златан Ибрахимовиќ и Тиаго Силва во летото 2012 година. Од нивното заминување Милан никогаш не се опорави.
Дали опоравувањето на Милан е можно ако двајцата повторно се спојат во дресот на Милан? Можеби…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За таква можност се погласно се зборува на Апенините. Златан се врати уште во зимскиот преоден рок, а по неговите стапки би можел да тргне и Тиаго Силва. Италијанските медиуми пишуваат дека Бразилецот преку својот агент се понудил да се врати во Милан ова лето. Неговиот договор во ПСЖ истекува на лето и скоро сигурно е дека нема да му биде понуден нов. Има 36 години и е во залезот на кариерата, меѓутоа на Милан би можел да му помогне.
Бразилскиот стопер уште при заминувањето од клубот во 2012 година зборуваше дека негова желба е еден ден да се врати на „Сан Сиро“ како и дека тогашниот трансфер во ПСЖ не бил по негова, туку по иницијатива на клубот затоа што биле потребни пари.
Сепак, за Силва да се врати во Милан потребно е да се надминат две препреки. Првата е Милан да има желба да го врати, тоа се уште не познато. Се очекува на лето Милан да биде превземен од германскиот стратег Ралф Рагник кој ќе има функција на тренер и спортски директор. Тој ќе направи целосна реконструкција и не се знае дали Силва ќе биде во неговите планови.
Вториот услов е Силва да прифати сериозно намалување на платата. Неговиот договор со ПСЖ кој завршува е тежок 12 милиони евра по сезона и тоа се пари кои сигурно не може да ги очекува во Милан, посебно не во овие години. Бразилецот во најдобар случај во Милан би можел да добие третина од таа сума и многу веројатно краткорочен договор на една година.