Дома Фудбал Младинците ги дознаа ривалите во квалификациите за ЕП 2027

Младинците ги дознаа ривалите во квалификациите за ЕП 2027

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска ги дозна своите противници за квалификациите за Европското првенство 2027, кое ќе се одржи во Србија и Албанија.

Со оглед на тоа што Македонија беше сместена во четвртиот шешир за време на ждрепката, беше очекувано дека ќе се сретне со најмалку еден тежок противник.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Тоа беше селекцијата на Италија, додека останати противници на Македонија ќе бидат Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.

Квалификациите започнуваат на 17 март 2026 година и ќе траат до 6 октомври истата година. За тимовите кои не ќе успеат да се пласираат директно, баражот е закажан за 9 и 17 ноември 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џон Тери го избра најтешкиот противник во кариерата: Поради него не можев да спијам

Поранешниот капитен на Челзи, Џон Тери, откри против кој напаѓач најмногу мразел да игра. …