Дома Фудбал Мислите дека ПЕС ќе има пореални лица? Еве како ќе изгледаат во новата ФИФА 2018!

Мислите дека ПЕС ќе има пореални лица? Еве како ќе изгледаат во новата ФИФА 2018!

Еден од главните адути на новиот ПЕС (Pro Evolution Soccer 2018) треба да биде графиката, односно досега невидено реалните лица на играчите. Но, изгледа и во тој сегмент играта на Конами ќе го изгуби дуелот годинава со ЕА Спортс.

Неколку дена пред Гемјском, на интернет осамнаа првите фотки од играчите на новата ФИФА. Судејќи по ова, играчите во ФИФА 2018 ќе изгледаат неверојатно реално.

Иако видеото во кое може да се видат лицата на играчите е со лош квалитет, јасно е дека во ЕА Спортс направиле фантастична работа, па Гризман, Санчес, Лукаку и Дибала изгледаат фантастично.

ФИФА 18 излегува на 29 септември, а ПЕС 2018 две недели претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик останува на клупата, но Борнмут може да му ја реши судбината!

Раководството на Манчестер јунајтед е сè позагрижено по дебаклот против Комо. Керик ќе го …