Дома Фудбал Милан не го сака фудбалерот кој некогаш вредеше 125 милиони евра – два клуба се во игра за неговиот потпис!

Милан не го сака фудбалерот кој некогаш вредеше 125 милиони евра – два клуба се во игра за неговиот потпис!

Португалскиот офанзивен играч Жоао Феликс, играч на Челзи позајмен на Милан, би можел од ова лето да потпише за Фламенго, тврди бразилскиот новинар Венe Касагранде.

Феликс не се вклопува во плановите на сонародникот Сержио Консеисао и извесно е дека нема да остане во Италија, па Јужна Америка се појави како нова алтернатива за продолжување на кариерата на 25-годишникот.


Идејата на спортскиот директор на гигантот од Рио, Жозе Бота, е да го донесат добитникот на „Голден Бој наградата од 2019 како позајмен играч, но со право на откуп.

„Управниот борд на Фламенго ги одредил параметрите за за засилувања млади играчи, но со богато фудбалско искуство и (добра) физичка форма“, нагласил Касагранде и додал дека и поранешениот клуб на Феликс, Бенфика исто така е заинтересиран.

Португалскиот Бола ја пренесе веста дека Фламенго испратил понуда на Фелиш, но со напомена дека на Жоао не му паѓа на памет да оди во Бразил во оваа фаза од кариерата, како и дека е јасно дека нема да остане во Италија.

Фото: AC Milan/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светскиот шампион од 75 милиони евра најде дом во Мадрид, потпишува за Реал!

Во Мадрид, започнува нова ера, со новиот тренер Хаби Алонсо и забележливо променет состав …