Дома Фудбал Англија Meсто отказ, нов договор: Последниот тим на табелата во Премиер лигата ја продолжи соработката со тренерот Купер

Meсто отказ, нов договор: Последниот тим на табелата во Премиер лигата ја продолжи соработката со тренерот Купер

Иако Нотингем Форест е последен тим на табелата во Премиер лигата и се најавуваше промена, сепак Стив Купер потпиша нов договор со важност до 2025 година.

Се шпекулираше дека Купер ќе биде отпушен затоа што резултатите не се онакви какви што се очекуваше после 22 засилувања и потрошени 160 милиони фунти на засилувања, но од клубот изненадија со потврдата дека ја продолжиле соработката.

Од почетокот на сезоната Нотингем има само една победа, последен тим се на тбаелата и на последните пет натпревари имаат пет порази, примија 18 гола.

За викендот тимот на Стив Купер ќе ја пречека Астон Вила, а навивачите се надеваат на втората победа во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…