Дома Фудбал Meси се посрамоти обид за паненка (Видео)

Meси се посрамоти обид за паненка (Видео)

Фудбалерите на Интер доживеаа тежок пораз од Шарлот со резултат од 3:0, а решавачкиот момент за тимот од Мајами се случи во 32-та минута.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Судијата досуди пенал за Интер, а одговорноста ја презеде Лионел Меси, но Аргентинецот очигледно го потцени голманот Кристијан Калина и реши да шутира “паненка”.

Триесет и тригодишниот Хрват ја прочита неговата намера и го чекаше Меси да шутира, а потоа без многу напор ја фати топката.

Тој потег, како што се чини, ги обесхрабри играчите на Интер и им даде крилја на Шарлот, кои само две минути подоцна поведоа.

Голгетер беше Израелецот Идан Токломати, кој до крајот на натпреварот постигна уште два гола за петтата последователна победа на Чарлот, додека Интер останува без победа еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо двапати во дуел еден-на-еден со голманот. Видете како заврши тоа.

Португалија беше домаќин на Нигерија во Леирија и ги совлада со резултат 2:1 во последниот…