Интер Мајами ги завршува подготовките за новата сезона, а американскиот тим синоќа во пријателски меч кој се играше во Хондурас убедливо ја порази Олимпија со 5:0. Повторно блескаше Лионел Меси кој гостувањето во Сан Педро Сула нема така лесно да го заборави.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Очекувано, Меси беше главната ѕвезда на оваа средба и на теренот мина еден час, а кога го напушти натпреварот доби неверојатни овации од навивачите и играчите на домашниот тим што навистина беше фантастично.
Исто така, откако заврши натпреварот, играчите на Олимпија брзо се упатија кон Меси за да се фотографираат со него, и Аргентинецот одлучи максимално да ги испочитува.
Лионел Меси доби овации при неговата замена за време на пријателскиот натпревар на Интер Мајами ⚽️💗 pic.twitter.com/7vcwaxxeQE
— OneFootball (@OneFootball) February 9, 2025
.🚨Гледајте: По завршувањето на натпреварот, сите сакаат слика со Лионел Меси — без оглед на противникот, сите сакаат момент со 🐐!pic.twitter.com/KzKWPRJFaI
— Inter Miami News Hub (@Intermiamicfhub) February 9, 2025