Дома Фудбал Меси игра во одлична форма: Сега погоди со супер волеј! (Видео)

Меси игра во одлична форма: Сега погоди со супер волеј! (Видео)

За многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси (37), синоќа постигна уште еден многу убав гол во ремито на неговиот Интер Мајами против Торонто (1:1).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси постигна гол на трет последователен натпревар во МЛС. Фати одлична форма на почетокот на сезоната во американскиот фудбал, а ако ги додадеме и двата гола од Лигата на шампионите на КОНКАКАФ, доаѓаме до бројка од пет.

Италијанецот Федерико Бернардески го доведе Торонто во водство на крајот од првото полувреме, но Меси постигна погодок за израмнување само две минути подоцна.

Се работи за уште еден моменат на инспирација од сјајниот Аргентинец. Ја прими топката на врвот на шеснаесетникот и веднаш со приемот си ја намести на полуволеј, а потоа со сјаен удар од вртење ја погоди мрежата на Торонто.

Неговиот Интер Мајами е на 14 поени на почетокот од сезоната во МЛС, со четири победи и две ремија. Екипата е сè уште непоразена.

Сепак, тимот кој од клупата го предводи Хавиер Маскерано има пораз во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Лос Анџелес и ќе му биде потребен триумф во реваншот ако сака да ја продолжи борбата за престижниот трофеј.

Фото: Пртинскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…