Фудбалерите на Аргентина го совладаа Мексико со 2:0 во натпреварот од второто коло од групата Ц на Светското првенство во Катар.
На стадионот „Лусаил“ вечерва не видовме некој убав фудбал, но видовме момент на „магија“ на еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лионел Меси, со кој ги растажи упорните Мексиканци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се чинеше дека Аргентинците ќе потрошат уште еден напад, а тогаш Ди Марија додаде до Меси, кој ја прими топката од шеснаесетникот и упати мајсторски удар во долниот лев агол од голот на Очоа за водство 1:0.
Прашањето на победникот беше решено во 87. минута. Меси му ја додаде топката на резервистот Енцо Фернандез, фудбалерот на Бенфика со дриблинг најде позиција за шут и постигна гол убав гол за конечни 2:0.
GOLAZO DE ENZO FERNÁNDEZ, que jueguen los que mejor actualidad tienenpic.twitter.com/3SkfyyPF7h
— Ragnar Lothbrok (@RagnarTLothbrok) November 26, 2022