Дома Фудбал Репрезентации Meси на полувремето одржал говор во соблекувалната на Аргентина

Meси на полувремето одржал говор во соблекувалната на Аргентина

messi

Репрезентацијата на Аргентина во вчерашниот натпревар против Шпанија претрпе убедлив пораз од 6:1.

За оваа средба селекторот на Аргентинците, Жорге Сампаоли не можеше да смета на првата ѕвезда на својот тим Лионел Меси кој натпреварот го следеше од вип ложата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сампаоли по натпреварот откри дека на полувремето Меси се симнал во соблекувалната и одржал говор, но не сакаше да открие што фудбалерот им порачал на неговите соиграчи.

„Иако Меси не можеше да ни помогне на овој натревар, тој беше со нас цело време. Нормално е на теренот да ви недостасува играч каков што е тој. Меси покажа дека е голем играч и дека му значи Аргентина со тоа што на полувремето се симна и одржа говор. Нема да ви откријам што зборуваше, доволно е да ви кажам дека се обидуваше да ги мотивира репрезентативците“, изјави Сампаоли.

Каква беше реакцијата на Меси по дебаклот на неговата репрезентација можете да погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Видео со многу емоции: Ројс со навивачите на Борусија

Борусија Дортмунд ја пишува приказната на сезоната во Европа, а во центарот на вниманието …