Хари Мегваер е фудбалерот кој подолг период добива најголеми критики, но англискиот дефанзивец тврди дека знае да се справува.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мегваер порача дека знае да се избори со критиките и сака да се бори со место во тимот.
„Можам да се справувам со критиките. Во првите четири кола беше тешко бидејќи имавме само по еден натпревар неделно и тренерот не ме одбра мене, но има многу натпревари во сезоната. Сакам да играм и среќен сум кога сум на теренот“, изјави Мегваер.
Беше запрашан и за интересот од Вест Хем.
„Вест Хем? Не се договоривме. Во Манчестер Јунајтед се среќни што останав, ќе се борам за своето место“; истакна дефанзивецот.