Дома Фудбал Мбапе доби минимална казна, ќе игра против Барса

Мбапе доби минимална казна, ќе игра против Барса

Килијан Мбапе ќе биде дел од составот за натпреварот против Барселона. Тој беше казнет со суспензија од само еден натпревар по директниот црвен картон што го зеде против Алавес.

Иако беше очекувано дека казната можеше да биде построга до три натпревари, што ќе значело и негово отсуство од „Ел Класико“, дисциплинската комисија одлучи за полесна мерка.

Комисијата при шпанската Фудбалска Федерација се договори да го заштити Мбапе, доделувајќи му минимална казна, која во овој случај е само еден натпревар суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден удар, гол и четвртфинале: Нкетија го реши Фулам

Кристал Палас славеше со 1-0 на „Крејвен Котиџ“, а покрај стрелецот Нкетија, клучен беше и…