Дома Фудбал Манчестер јунајтед го делат 10 милиони од најголемата зимска желба на Аморим

Манчестер јунајтед го делат 10 милиони од најголемата зимска желба на Аморим

Патрик Доргу е избран за јануарскиот преоден рок и Манчестер Јунајтед прави сè за да го доведе оваа зима. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес беше објавено дека Јунајтед започнува нова офанзива, откако Лече ја одби понудата од 30 милиони евра, бидејќи бараат 10 повеќе, односно 40 милиони.

Се очекува дека Јунајтед ќе ја зголеми понудата, можеби ќе вклучи потенцијални бонуси, и во наредната недела ќе ја исполни големата желба на Аморим.

Доргу е лев бек, но по потреба може да игра и на десната страна, исто така е брз и опасен во игра еден на еден, а има само 20 години.

Веста дека Доргу е на мета на многу клубови ја потврди и тренерот на Лече, Џампаоло.

„Најголемите европски клубови го следат веќе извесно време и тоа во еден момент сигурно може да влијае на него, но тој е многу зрело и сериозно момче. Не мислам дека шпекулациите ќе му влијаат, оваа недела одлично тренираше,” рече Џампаоло.

Јасно е дека Аморим не му верува на Маласија, додека Лук Шо постојано е повреден, па се очекува Доргу да остане прва мета за оваа зима. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан договори дефанзивец според желбите на Рубен Аморим

Милан треба да се засили во сите линии, а Гонсало Рамош е практично пред доаѓање во тимот,…