Дома Останати Кошарка Македонец стана тренер на Војводина

Македонец стана тренер на Војводина

Македонскиот стратег Владимир Мирковски ќе ја предводи екипата на Војдовина каде што пристигнува на местото на тренерот Милош Исаков Ковачевиќ.

Исаков клупата на српскиот клуб ја напушта поради здравствени проблеми, а клубот се одлучи Мирковски да биде негов наследник.

Уште во првиот натпревар Мирковски ќе има тешка задача бидејќи ќе го води тимот против Партизан и Жељко Обрадовиќ во Купот на Србија.

Во Македонија Мирковски го предводеше Куманово и беше помошник во МЗТ Скопје. Исто така двапати го освојуваше признанието за тренер на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер го „продаде“ Јокиќ, Србин оди кај Дончиќ во Лејкерс?

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Ле…