Дома Фудбал Македонец со четири гола на еден натпревар блесна во САД (Видео)

Македонец со четири гола на еден натпревар блесна во САД (Видео)

Милан Илоски, напаѓачот на Сан Диего со македонски корени, се најде во центарот на вниманието на американските спортски медиуми откако постигна дури четири гола на последниот натпревар. Во време кога спортската јавност во САД е фокусирана на Светското клупско првенство, Илоски направи вистински подвиг на гостувањето кај Ванкувер, каде што беше клучен во триумфот на својот тим со 5-3.

Со четири од петте погодоци кои ги постигна на тој меч, 25-годишниот напаѓач заслужено беше избран за најдобар играч на натпреварот. Посебно импресивен беше неговиот хет-трик кој го постигна за само девет минути.

Роден во Ескондидо, Калифорнија, Илиоски потекнува од македонско семејство, а како што досега нема официјален настап за ниедна репрезентација, не е исклучена можноста во иднина да го видиме во дресот на македонската селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…