Левиот бек Мартин Манасков е нов ракометар на Бутел Скопје, откако потпиша договор на една сезона, со можност да биде продолжен за уште една. Тој доаѓа од тимот на Охрид каде ги мина последните две сезони.
“Среќен сум што потпишав за Бутел Скопје, тоа е клуб со високи амбиции и лесно беше да одлучам. Со повеќето играчи имам играно и добро се познавам, се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на клубот и дека ќе имаме успешна сезона“, вели Манасков
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно Бутел ги продолжи договорите со Стефан Стојчевиќ, Владимир Јевтиќ и Томче Стојановски, како и со тренерот Кристијан Грчевски, а покрај Манасков, нови ракометари се средниот бек Стефан Крстевски и десниот бек Филип Николов