Дома Фудбал Останато Maрсело: Пред две години потпишав за Јуве затоа што не сум можел без Роналдо

Maрсело: Пред две години потпишав за Јуве затоа што не сум можел без Роналдо

Бразилскиот фудбалер Марсело во Реал Мадрид стигна летото 2007 година и со „кралевите“ освои се што можеше да се освои.

За многумина Марсело е најдобриот лев бек во светот. Тој скоро целата кариера ја помина во Мадрид каде што дојде од Фламенго во 2007 и тоа се покажа како фантастичен потег на раководството на клубот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


31 годишниот Марсело има договор со Реал до 2022 година и во последно време многу се шпекулира дека може да си замине. Марсело често пати се поврзуваше со Јувентус, но тој сега се огласи и ги демантираше сите такви најави.

„Не сакам да заминам и не верувам дека Реал сака да ме продаде. Ова е неверојатна приказна бидејќи сум тука многу долго време, направив многу. Добро е кога други клубови се интересираат за вас, меѓутоа мојот став е јасен и тоа е останување во Реал Мадрид“, изјави Марсело за потоа малку да се пошегува во врска со шпекулациите дека оди во Јуве.

„Па пред две години потпишав за Јувентус и го облеков нивниот дрес затоа што медиумите пишуваа дека не можам да живеам без Роналдо. Луѓето навистина многу измислуваат“, низ смеа заврши Марсело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Романо го потврди следниот клуб на Мбапе: Повеќе нема дилеми

Фабрицио Романо денеска потврди дека Килијан Мбапе (25) од ПСЖ летово ќе премине во Реал М…