Во медиумите овие денови повторно актуелен е Килијан Мбапе кој летово конечно по долгите најавувања би требало да го напушти Реал Мадрид. Секако во прв план за негова нова средина е Реал Мадрид. Покрај темата за заминувањето на Мбапе се шпекулира и кој би можел да го наследи во Париз.
Едно од фудбалерите кои се поврзуваат со ПСЖ е Лаутаро Мартинез. Напаѓачот игра во одлична форма и е еден од главните играчи на „нероаѕурите“ кои се лидери во Серија А.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, извршниот директор на Интер, Бепе Марота не е загрижен и не гледа причина зошто Лаутаро би го напуштил Интер за да се пресели во ПСЖ.
„Фудбалот е таков што секогаш постојат ризици, меѓутоа засега не гледам зошто би требало да стравуваме. Исто така не гледам и разлика помеѓу Интер и ПСЖ. Имаме важни амбиции, се бориме за трофеи и фокусирани сме на својот пат“, изјави Марота.