Дома Трансфер зона Maнчестер Јунајтед пронајде партнер на Магваер во одбраната?

Maнчестер Јунајтед пронајде партнер на Магваер во одбраната?

Mанчестер Јунајтед во претстојниот преоден рок ќе се обиде да доведе еден централен дефанзивец кој ќе биде партнер на 90 милиони евра платениот Хари Мегваер.

Се пишуваше за Калид Кулибали, но Сенегалецот е прескап. Де Лаурентис нема да прифати понуда помала од 100 милиони евра за неговите услуги. Управата на клубот од „Олд Трафорд“ нема намера ова лето повторно да руши рекорд за дефанзивец, па решение пронашле во Монако.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува францускиот „РМЦ Спорт“ нова желба на Манчестер Јунајтед е стоперот на Монако Бено Банџијаши.

Овој 19 годишен фудбалер стана стандарден во првиот тим на тимот од „Луј втори“ и така го сврте вниманието на бројни клубови, а сега би можел да се пресели на „Олд Трафорд“.

Банџијаши од летото 2018 година е во првиот тим на Монако и во сезоната која во Франција заврши запиша 16 настапи во Лига 1.

Ги помина сите младински категории на Франција и неговата вредност на пазарот се проценува на 18 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…