Дома Македонски спорт Maкедонските млади надежи во два натпревари примија девет гола

Maкедонските млади надежи во два натпревари примија девет гола

Репрезентацијата на Македонија на фудбалери до 17 години запиша убедлив пораз од Шпанија во претквалификациската група за пласман на Европското првенство.

Откако претходно бевме поразени од Словачка во првото коло со 4:0, сега Шпанија ни даде пет гола, а повторно ние не постигнавме гол. Со овој пораз македонските надежи ги загубија и така малите шанси за едно од двете водечки позиции за пласман во елитната фаза од квалификациите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победата на Шпанците во денешниот натпревар ја најавија Винета Пуенте и Пол Дуран уште во 5. и 8. минута. До крајот Пуенте постигна уште два гола, а еден беше дело на Фернандез Дуран за конечниот убедлив пораз.

Во последното коло од претквалификациите Македонија ќе игра против Малта за избегнување на последното место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…