Ракометната репрезентација на Македонија денес ќе патува за Шавхаузен каде што ќе игра натпревар против селекцијата на Швајцарија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пред натпреварот сите ракометари имаа негативни резултати, но беше откриен уште еден случај во стручниот штаб.
Како што е познато претходно од селекцијата отпаднаа Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски. Од стручниот штаб позитивни се Александар Царчев, Радослав Стојановиќ и Никола Маталиевски.
Македонија утре ќе игра против Швајцарија од 18:30 часот и ова ќе биде втор натпревар за двете репрезентации во овие квалифкации.