Дома Трансфер зона Maрота потврди: Интер може да добие одлично бесплатно засилување од Наполи

Maрота потврди: Интер може да добие одлично бесплатно засилување од Наполи

Како што стојат работите, Наполи во летниот преоден рок ќе остане без еден од своите најдобри фудбалери, Пјотр Зјелински без оштета ќе ги напушти редовите на италијанскиот шампион.

Договорот на Зјелински истекува на крајот на оваа сезона и тој нема да биде продолжен. Италијанските медиуми веќе објавија дека Интер е многу блиску до го потврди неговото доведување како слободен фудбалер.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Дека Зјелински може да ги засили „нероаѕурите“ потврди и спортскиот директор на „нероаѕурите“, Бепе Мароота.

„Ние веќе го информиравме Наполи дека водиме преговори со Пјотр Зјелински да го доведеме како слободен играч. Ќе видиме како ќе напредуваат преговорите и дали нашиот план ќе се реализира“, изјави Марота.

Наполи не го пријави Зјелински за натпреварите против Барселона во Лигата на шампионите, а во претходните кола беше изоставан и за средбите во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Каземиро и Варан се враќаат во Мадрид

Рафаел Варан и Каземиро не е задоволни од тоа како се одвиваат работите во Манчестер …