Дома Фудбал Останато Maрадона им одговори на оние кои го исмејуваат поради маската

Maрадона им одговори на оние кои го исмејуваат поради маската

Легендарниот Диего Марадона се појави во јавноста со една чудна маска.

На натпреварот помеѓу Гимназија Ла Плата и Сан Лоренцо во аргентинската лига Марадона својот тим го водеше со маска за заштита од коронавирусот. Но поради изгледот на маската се најде во центарот на вниманието.

Многумина го исмејуваа на социјалните мрежи, а Марадона реши да се огласи.

„Денес го напуштив мојот дом со оваа маска која ми беше препорачана од доктор. Иста каква што носат и тие. Се соочив со коментари од возрасни луѓе и новинари. Новинарите кои ме критикуваат не се грижат за себе и не се грижат за блиските. Тие им се смеат на луѓет како мене. Би било подобро за нив да ме разберат дека не можат да заработат и да бидат интересни на ваков начин, без почит кон никого“, изјави Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачи на Ливерпул го запреа автомобилот на играчот по киксот, а потоа се создаде хаос на улица!

Разочарувањето по уште еден кикс на Ливерпул речиси прерасна во многу непријатна ситуација…