Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер ангажираше големо засилување пред стартот на вториот дел од сезоната.
Левото крило Дејан Манасков ќе го носи дресот со број 11 во битолскиот клуб, а првиот официјален натпревар е предвиден на почетокот на плеј-офот во февруари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секогаш сум се стремел кон највисоките дострели, сите сакаме да ја одбраниме домашната круна и ќе дадеме сѐ од себе за да го оствариме тоа. Тимот е одличен, Пелистер има солиден ростер, покриени сме со квалитетни играчи на сите позиции. Секогаш е добро кога има конкуренција во тимот. Мора да се воиграме малку со новите играчи, но мислам дека ќе имаме доволно време за сѐ.
Ќе ми биде драго повторно да заиграм во Лигата на шампионите. Таму настапував 11 години и имам големо искуство. Имаме уште четири натпревари и се надевам дека ќе успееме некому да му „откинеме“ некој бод. Овие мечеви ќе бидат одличен тест и подготовка за најважните дуели во домашното првенство. Ја сакаме двојната круна, знам дека имаме сериозни конкуренти, но се надевам дека ќе успееме да ја освoиме – изјави Манасков.
За македонската репрезентација Манасков одигра 72 натпревари и постигна 279 голови од дебито во 2012 година.