Дома Фудбал Maкедонија има иднина, Никола Секулов МВП во италијанскиот Суперкуп!

Maкедонија има иднина, Никола Секулов МВП во италијанскиот Суперкуп!

Македонецот Никола Секулов прикажува фантастични настапи во младинските категории на италијанскиот шампион Јувентус.

Секулов настапува за тимот на Јувентус до 15 години со кој стана шампион на Италија, но денес неговиот тим триумфираше и во Суперкупот.

Не само што стигна до трофејот, Никола беше стрелец на еден од погодоците во натпреварот против Парма (2:1), а на крајот го доби и признанието за фудбалер на натпреварот.

За младиот Никола ова беше посебен натпревар бидејќи претходно тој беше член на младинските категории на Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пет гола во Шпанија: Лугано со Алиоски го продолжи европскиот победнички старт

Лугано го совлада Хетафе со 5-2 и по две кола во Конференциската лига има максимални шест …